X
 11.08.2022 Живот

И Данците се „патлиџан-туристи“. Не се срамат да извадат сендвичи на плажа

На Балканот од почетокот на летната сезона постои расправа за таканаречениот „патлиџан-туризам“, но за многу странски државјани, пакувањето храна пред патување е задолжително.

Таканаречените „патлиџан-туристи“ или „паштета-туристи“ се предмет на многу расправи бидејќи едни мислат дека на море не треба да се оди без полн паричник, а други на плажа со себе носат повеќе намирници. Доколку ѝ се верува на статистиката, Данците воопшто не се вознемируваат за ова прашање.

Според впечатоците на жителка на Србија, жителите на оваа земја кога тргнуваат на пат секогаш имаат подготвен ранец со прекривка, пластични чаши и прибор, пренесува „Мондо“.

- Она што го додаваат е храна која ја подготвуваат кога тргнуваат на викенд или одмор. Зеленчук, овошје, штиклирано! Вода и задолжително сок за разблажување за децата, штиклирано! Пиво, штиклирано! Сендвичи, штиклирано! И сите така, тие едноставно обожаваат, како и нашите некогаш во стара Југославија, да ја рашират прекривката на трева, да извадат сè што подготвиле да јадат и едноставно да уживаат, без да мислат кој што прави и како се забавува. Тие едноставно се посветени само на себе и многу им е важно тоа време да го посветат на семејството, децата, сопружниците... Да се капат, играат заедно, зборуваат и смеат... Не се оптеретени со ресторани, скапи оброци, коктели... Битно им е да уживаат. Сакам да се шегувам дека се поголеми „патлиџан-туристи“ од Србите, а сепак се најсреќен народ - заклучила таа.

Извор: Mondo
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот