X
 14.06.2015 Технологија

Револуционерен костим за капење

Француската претприемничка Мари Спинали создала костим за капење за жени кој ќе биде опремен со водоотпорен соларен колектор поврзан со смартфон кој ќе ги алармира жените дека на кожата треба да стават крема за сончање.

 

купачи


„Идејата ми дојде еден ден кога на плажа здогледав една девојка која изгоре на сонце“, објаснува Спинали.

„Се сетив дека постојат саксии за цвеќе со сензори кои предупредуваат кога растението останало без вода, па си помислив дека треба да се создаде нешто што би ги предупредило луѓето дека предолго време се изложени на сонце и дека е време на кожата да нанесат крема за сончање“, вели Спинали.

За почеток овој производ ќе биде само за жени по цена од 149 евра и ќе се прави по мерка. На костумот за капење ќе биде прицврстен мал црн водоотпорен сензор кој ќе го мери ултравиолетовото зрачење.

Информацијата по пат на смартфон или таблет ќе биде пренесена до сопственичката, а сензорот претходно ќе има податоци за типот на кожата. Апликацијата на паметниот телефон ќе ја предупреди личноста која се сонча дека е време да се стави крема.

Спинали истакнува дека овој изум е практичен бидејќи кога луѓето излегуваат на сонце помислуваат дека е добро  да се намачкаат со крем за сончање, меѓутоа често пати веќе е предоцна и тие веќе имаат изгорено на сонце.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија