Додека уживаат на прекрасните грчки плажи, капачите ретко наидуваат на ајкули, а уште поретко на оние најопасните. Меѓутоа, се случува додека се сончаат да забележат ајкула во плиткото.
Академски труд на морскиот биолог Христос Таклис открива дали има простор за грижа. Во трудот се наведува дека во период од 180 години биле забележани само 15 инциденти со ајкула во Грција. Според студијата, најсмртоносните години биле 50-тите, кога имало шест фатални напади во кои учествувале големи бели ајкули.
- Континуираното следење и свесноста за потенцијалните ризици се од суштинско значење - заклучил Таклис во својата студија.
Можете да ја забележите ајкулата навреме
Иако ризикот од напад е мал, се случува капачите да забележат ајкула во плиткото додека се сончаат. Големата ајкула може да се приближи до брегот на места каде што има голема концентрација на планктони, со кои таа се храни. Оваа ајкула не е опасна за луѓето. Поопасни ајкули се бодликавите ајкули кои се помали и имаат отровни боцки што ги користат за самоодбрана.
Од сите ајкули во грчките мориња, најголема веројатност има за средба со сината ајкула. Станува збор за миграциска ајкула која ги населува речиси сите светски мориња и океани. За разлика од големата ајкула, ретко ќе видите сина ајкула во плиткото. Научниците не ја сметаат за опасна за луѓето.
Што да направите доколку сретнете ајкула?
При средба со ајкула, луѓето најчесто бегаат во спротивна насока. Ова е погрешен чекор бидејќи тоа ѝ кажува на ајкулата дека треба да тргне во лов на плен. Наместо тоа, експертите препорачуваат да ја погледнете ајкулата в очи за да добие знак дека и вие сте предатор. Тоа не треба да трае предолго.
Потоа треба полека да тргнете наназад, без многу движење на рацете. Ајкулите се далтонисти, но може да разликуваат работи по осветленоста. Затоа би требало да се одбегнуваат светли и флуоресцентни бои.
Извор:
Vreme
Насловна фотографија: Pixabay