X
 09.05.2017 Живот

Повторно се појавила плажа која исчезнала пред 33 години

Пред 33 години, уште од 1984 година, плажата кај местото „Dooagh“, на Ирскиот остров  „Achill“, настрадала во серијата невремиња таа година. Морето и ветровите потполно го однеле песокот, оставајќи зад себе само камења. Во меѓувреме, новите генерации не се сеќаваат на плажата, но некои и не ја ни виделе, но оваа година се случило нешто неверојатно.

фото извор: Mike Shinners/ CC BY-SA 2.0

На плажата денес се сеќаваат единствено оние кои имаат над 40 години, односно повозрасните мештани од островот. На Велигден, оваа година, дувал ветер од север. Ветрот очигледно го донел песокот од друго место на плажата која некогаш тука постоела. Таа била од голема важност за местото, велат жителите. Сега повторно се радуваат, бидејќи наместо карпи, пак гледаат песок. Откако и другите луѓе од останатите делови на земјата ја чуле веста дека плажата е повторно тука, почнале да доаѓаат во посета.

Островот не е некое изолирано место на природата. Познат е по тоа што во 50-те и 60-те години, таму живеел анти-нацистичкиот книжевник Ханрих Бол. Куќата во која живеел, денес е место каде се собираат голем број на писатели.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот