Балканците се препознаваат насекаде низ светот, особено во авион. Српската стјуардеса Кристина Грабеж на забавен начин објаснила како да препознаете Балканец во авион.
Како што вели таа, може лесно да се препознае „тетката од Австралија“, која често поставува многу прашања, а сака и да се пофали колку е богата, додека „патниците кои јадат само домашна храна“ не навикнале на „модерни“ оброци и инсистираат на сарма. Познатите личности, како учесници во реално-шоу, инсистираат на својата важност, вели Кристина.
Кристина побарала од своите следбеници да напишат што, според нив, е „типично балканско“ однесување во авион.
- Наши се оние кои ги отвораат горните полици и го отстрануваат сигурносниот појас во истата секунда кога тркалата ја допираат површината - гласи еден коментар.
- Оние кои аплаудираат кога слетува авионот - напишал друг следбеник.
Во втор дел од серијата видеа, Кристина опишува и други видови Балканци, како „гастарбајтер“ кој зборува на телефон, како и лик кој знае сè.
Извор:
Mondo
Насловна фотографија: Pixabay