Пуле е сирење кое се произведува во природниот резерват „Засавица“ во Србија. Сирењето се наоѓа на врвот на листа со најскапи сирења во светот, според списанието „
Шефс пенсил“.
Имено, еден килограм од ова сирење чини дури 1.000 евра. Ова српско сирење се произведува од магарешко млеко, а со оглед на тоа што овие животни даваат многу малку млеко, процесот на производство е исклучително комплициран. Освен тоа, процесот предвидува рачна изработка на сирењето.
За еден килограм сирење се потребни дури 25 литри магарешко млеко. Ова млеко содржи само 1 отсто млечни масти, а концентрацијата на витамин Ц е дури 60 отсто повисока во споредба со кравјото млеко. Магарешкото млеко е богато и со витамини А, Д и Е, како и калциум и омега-3 масни киселини.
Во „Засавица“ годишно се произведуваат околу 100 килограми од ова сирење.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay