Првата сабота во август секогаш е најпрометен ден на најпрометната бензиска станица во Европа. Тогаш дел европски туристи се враќаат одмор, а дел тргнуваат на летување. Најпрометната бензиска станица во Европа е онаа на „Шел“ во малиот град Берхем во Луксембург, на автопатот А3.
Луксембург е мала земја, но се наоѓа на раскрсница меѓу Белгија, Германија и Холандија и на правец кон Франција, Италија и Шпанија, каде летуваат многу жители на Европа.
Освен тоа, цените за горивото таму се поевтини, па затоа оваа бензиска станица е популарна и за возачите на камиони, како и на семејствата кои одат на одмор. На оваа бензиска станица минатата седмица еден литар бензин чинел 1,63 евра.
Извор:
Seebiz
Насловна фотографија: Pixabay