X
 28.03.2023 Здравје

Повеќе контрацептивни методи наскоро ќе станат бесплатни во Луксембург

Од 1 април повеќе методи за контрацепција ќе станат бесплатни во Луксембург, како и пилулата за „ден потоа“. Луксембург е една од земјите со најлесен пристап до контрацепција.

Властите веќе покриваат трошоци за многу процедури за контрацепција, но сега се воведуваат новости кои дополнително ќе го олеснат пристапот до методи за контрацепција во земјата. Целта е семејствата да планираат и да го одберат најдобриот облик за контрацепција, без парите да бидат фактор во изборот.

Меѓу другото, бесплатни ќе бидат контрацептивни таблети, лепенки, инјекции, пилулата за „ден-потоа“, импланти и вазектомија.

Нема старосна граница за да се добие поврат на парите потрошени за пилулата за „ден потоа“, а нема да биде потребен ниту упат од лекар.

Новата мерка не се однесува на презервативите, кои се најчест метод за контрацепција. Според Министерството за здравство, причината за ова е што многу организации во земјата доделуваат бесплатни презервативи.

Извор: The mayor
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје