X
 12.05.2017 Живот

Помалку познати факти за Луксембург

Колку добро го познавате Луксембург? Ова се неколку информации за земјата кои најверојатно не ви биле познати.

1. Луксембург е една од најмалку среќни земји

На листата на 140 дестинации според тоа колку нациите достигнуваат долг и среќен живот, на дното е Чад, а веднаш потоа следува Луксембург.

2. Има комплициран статус

Статусот за независност на земјата воопшто не е јасен. Се одделиле од Француската империја на крајот од војните на Наполеон во 1815 година, но потоа постојано биле тема на судирите помеѓу Франција и Германија.

3. Жителите јадат многу месо


Точно 107.9 килограми на човек годишно, во просек, според Организацијата за храна и земјоделство на ОН.

4. Имаат многу заеднички работи со Обединетото Кралство


Парламентарна демократија под монархија. Во моментов на чело со Големиот Војвода на Луксембург, Хенри, кој има 62 години и е на тронот речиси 2 декади.

5. Земјата е поголема отколку што се мисли


Многумина го гледаат Луксембург како микроскопски фрагмент од Европа, но всушност земјата има површина од 1606 километри квадратни.

6. Има Европска култура повеќе отколку што се мисли

Се зборуваат три официјални јазици: француски, германски и луксембуршки. Луксембург е домот на селото Шенген, местото каде што Франција и Германија се среќаваат и каде што го дадоа името на договорот за слободно патување низ Европската Унија.

7. Има прекрасен главен град

Луксембург Сити е основан во 10 век, а изгледот на Римските руини е трансформиран во прекрасни тврдини. Заштитен е од „UNESCO“.

8. Прекрасна местоположба

Две реки, кои придонесуваат за убавата природа, а во центарот извонредни скалила кои се вистински предизвик за посетителите. Исто така, честа глетка се и импресивните мостови.

9. Голем број добитници на Нобелова награда

Земјата е на третото место на листата за добитници на Нобелова награда.

10. Има катедрала со познато име


Нотр Дам. Не може да се споредува со онаа во Париз, но комбинацијата на барок и готска архитектура не е за потценување. Интригантна глетка на објект изграден во 1613 година.

11. Ресторан со многу долга винска листа

Ресторанот „Chiggeri“ го држи Гинисовиот рекорд за најдолгата винска листа од 1.746 различни вина.

12. Привремена уметност

MUDAM“ – главниот музеј за модерна уметност во главниот град, располага со дела на Енди Ворхол. Изобилува со важни уметнички дела од изминатите декади.

13. Главниот плоштад е компактно задоволство

„Place d'Armes“ е малечок плоштад кој изобилува со кафулиња, места за јадење и прекрасни локации за опуштање. Во самиот центар музички настапуваат музички бендови. Често се организираат и панаѓури.

14. Земјата е неверојатно пристапна


Аеродромот е оддалечен само 6 километри од главниот град и често има редовни летови од повеќето европски земји.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот