X
 11.08.2023 Живот

Ова се најнебезбедните градови за 2023 година

Европа е разновиден континент полн со прекрасни места и градови кои вреди да се доживеат во живо. И сосема е безбеден за патување. Но, со секое патување постои одредена доза на ризик. Некои места се сметаат за помалку безбедни од другите.

Се прашувате што го прави еден град небезбеден? Висината на кривични пријави? Природни непогоди? Бројот на терористички напади или туристички измами? Всушност, комбинација од сите овие фактори.

Добро познатата глобална корисничка база на земји и градови „Нумбео“ го пресметува индексот на криминал врз основа на податоците на своите корисници. Тоа е проценка на вкупното ниво на криминал во одреден град или земја.

За да се добие индексот на криминал предвид се земаат општата перцепција на нивните корисници за нивото на криминал, чувството на сигурност во текот на денот и ноќта на некое место, загриженоста за можна кражба, физички напад или дискриминација врз основа на боја на кожа, етничка припадност или вера.

Според „Нумбео“, нивото на криминал е многу ниско во градовите со индекс на криминал од 20 или помалку. Градовите со индекс на криминал помеѓу 20 и 40 имаат низок криминал, 40 и 60 - умерен, а 60 и 80 - висок. Нивоата на криминал се сметаат за многу високи на места со индекс на криминал повисок од 80. За среќа, ниту еден град во Европа нема индекс повисок од 65.

На прво место на европскиот индекс на криминал за 2023 година се наоѓа Катанија на италијанскиот остров Сицилија. Потоа следува Марсеј во Франција и Бирмингем во Британија. Во рангирањето на 20. најопасни европски градови според индексот на криминал, најголем број доаѓаат од Франција (седум), а четири од Обединетото Кралство.

1
Фото: Freepik

Најнебезбеден град во регионот е Скопје, кој се наоѓа на 39. место со индекс на криминал до 46,9. Освен Скопје, на листата се најдоа и неколку хрватски градови. Сплит се наоѓа на 87. место со индекс на криминал од 31,3, а Загреб на 120 место со индекс на криминал од 22.2.

Ова се 20. европски градови со највисок индекс на криминал според „Нумбео“:

1. Катанија, Италија - индекс на криминал 64,6
2. Марсеј, Франција - индекс на криминал 64,4
3. Бирмингем, Обединето Кралство - индекс на криминал 63,1
4. Ковентри, Обединето Кралство - индекс на криминал 63,1
5. Шарлора, Белгија - индекс на криминал 62,8
6. Неапол, Италија - индекс на криминал 62,6
7. Монпелје, Франција - индекс на криминал 61,6
8. Лиеж, Белгија - индекс на криминал 59,4
9. Гренобл, Франција - индекс на криминал 58,7
10. Нант, Франција - индекс на криминал 58,4
11. Париз, Франција - индекс на криминал 57,1
12. Малме, Шведска - индекс на криминал 56,2
13. Атина, Грција - индекс на криминал 55,7
14. Ница, Франција - индекс на криминал 55,2
15. Манчестер, Обединето Кралство - индекс на криминал 54,9
16. Брисел, Белгија - индекс на криминал 54,5
20. Днепар, Украина - индекс на криминал 54,1
21. Лион, Франција - индекс на криминал 53,9
22. Лондон, Обединето Кралство - индекс на криминал 53,9
23. Одеса, Украина - индекс на криминал 53,6

ТУКА можете да ја погледнете целата листа на европски градови и нивниот индекс на криминал во 2023 година.

Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот