Атмосферата и живописноста на градовите низ светот трпеа многу поради пандемијата со која се соочуваме, принудувајќи многу бизниси да се затворат за време на карантините во земјите. Но, годишниот извештај што ги рангира најдобрите градови во светот докажува дека има многу работи што луѓето ги сакаат кај метрополите.
Извештајот, издаден од „Резонанс консултанси“, кој советува за недвижности, туризам и економски развој, оцени 100 града низ светот што имаат население поголемо од еден милион жители, користејќи 25 фактори за рангирање, во шест категории.
Факторите се: разновидност, временски услови, број на паркови и туристички атракции и број на хаштази и чекирања на социјалните мрежи. Првпат оваа година градовите исто така беа рангирани според нови критериуми, како што се невработеноста, стапката на инфекции со Ковид-19 (заклучно со јули) и нееднаквоста во приходите.
Резултатите
Шеста година по ред Лондон е на првото место. Секако, во воздухот лебдат многу прашања поврзани со Брегзитот, кој треба да стапи во сила од јануари, но извештајот високо ги рангира парковите во градот и искуствата на отворено, наведувајќи: - Денес не постои подобро урбано искуство, без оглед на глобалните сили што се вртат над античките улици.
Фото: Freepik
Иако градот што никогаш не спие беше малку потивок во последно време, се најде на второто место на листата. Во извештајот се вели дека Њујорк е еден од најдобрите
градови за шопинг во светот, со новиот „трговски центар на иднината“ во Хадсон Јардс. Иако Њујорк беше епицентарот на епидемијата на коронавирусот во САД, извештајот останува позитивен за следните чекори на градот.
Ова се најдобрите градови што ги заокружуваат првите 20:
Париз, Франција
Москва, Русија
Токио, Јапонија
Дубаи, Обединети Арапски Емирати
Сингапур,
Барселона, Шпанија
Лос Анџелес, САД
Мадрид, Шпанија
Рим, Италија
Чикаго, САД
Торонто, Канада
Сан Франциско, САД
Абу Даби, Обединети Арапски Емирати
Санкт Петербург, Русија
Амстердам, Холандија
Берлин, Германија
Прага, Чешка
Вашингтон, САД
Целосната листа можете да ја погледнете
ТУКА.
Извор:
Lonely Planet
Фото: Freepik