Претприемништвото зависи од општествените и политички услови во земјата. Овие фактори може да го поттикнат или ограничат развојот на бизнисот.
Глобалниот монитор за претприемништво секоја година прави оцена на условите за водење бизнис низ светот и соодветно ги рангира земјите. Извештајот за 2021 и 2022 очекувано покажува дека богатите економии се подобри за водење бизнис од сиромашните.
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се на првото место и се оценети како најдобро место за основање нов бизнис во 2022. Следуваат Холандија, Финска, Саудиска Арабија и Литванија.
Помеѓу првите десет на листата од 50 земји се и Норвешка, Јужна Кореја, Швајцарија, Катар и Шпанија.
САД се на 11. место, а на листата се и Грција (28), Словенија (30), Турција (35) и Хрватска (41).
Извор:
World Economic Forum
Насловна фотографија: Pixabay