X
 11.09.2019 Наука

Научниците збунети од зрачењето од далечна галаксија што траело само 10 дена

Научниците на НАСА забележале моќни х-зраци во далечната галаксија, прикажани на фотографијата со сина и зелена боја. Тие сè уште не знаат од каде и зошто доаѓаат.

Зраците му припаѓаат на извор наречен „ULX-4“, скратено од четврт силен извор на х-зраци што се наоѓа во галаксијата „NGC 9646“, оддалечена од нас околу 22 милиони светлосни години.

Она што особено ги заинтересирало научниците било дека оваа појава траела пократко од претходните. Во текот на 10 дена набљудување со телескопите „Нустар“ и „Чандра“, х-зраците од едвај видливи станале исклучително моќни и светли, за потоа целосно да исчезнат.

- Десет дена е навистина краток период за појава на вакви светлосни феномени - изјави Хана Ерншо, астрофизичарка од „Калтех“.

зрачење
Рендгенско зрачење/Фото: NASA

Различни хипотези, различни проблеми


Главниот предмет на проучување на телескопот „Нустар“ беа суперновите, моќни експлозии што се многу помасивни од нашето Сонце. Една таква експлозија е видлива како сино-зелена точка во горниот десен агол на фотографијата, а може да биде толку силна, што со својот сјај да ја натсјае целата галаксија во која се наоѓаат милијарда ѕвезди.

Зелената точка во близина на долниот дел на галаксијата не била видлива за време на првото набљудување, но затоа силно светела во текот на второто, десет дена подоцна. Како што брзо се појавила, така и брзо исчезнала.

Би можело да е црна дупка или неутронска ѕвезда

Во истражување од август, истражувачите сугерирале дека светлината би можела да доаѓа од црна дупка која штотуку голтнала ѕвезда. Гравитацијата на црната дупка ги привлекува астралните предмети, создавајќи орбита на остатоци што се вртат и што се загреваат милион степени и зрачат со х-зраци.

Но, црните дупки ги држеле ѕвездите подолго од 10 дена. „ULX-4“ се појави и исчезна за малку повеќе од една недела, па можно е црна дупка ненадејно да ја проголтала.

Но, научниците велат дека „ULX-4“ би можела да е и неутронска ѕвезда. Тие се формираат кога гигантските ѕвезди не се доволно масивни за да создадат црна дупка, но колабираат во неверојатно густа топка што ја натрупува масата на Сонцето во радиус од 19 километри.

Неутронските ѕвезди се вртат толку брзо, што нивните магнетни полиња дејствуваат како бариера што ги запира остатоците од другите астрални објекти што ги привлекува со удирање на ѕвездата и генерирање на х-зраци. Само кога дел од материјалот ќе ја надмине таа бариера, ѕвездата би испуштила х-зраци како тие на сликата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука