X
 01.01.2021 Живот

Ова се најчитаните теми од областа на науката на Факултети.мк за 2020 година

Изминатава година сите ја прогласивме за една од најлошите, ако не и најлоша во нашиот животен век. Ни се чинеше дека сè што можеше да тргне на лошо, тргна. Сите рефлектори на сцената се фокусираа само на здравјето и сите се преокупиравме со коронавирусот.

А за да го зачуваме здравјето, секако, најважна е науката. Тимот на Факултети.мк постојано се труди да ги пренесе најважните и најрелевантните информации поврзани со науката, иако мораме да признаеме дека годинава тоа не беше лесна задача со оглед на скептичноста што завладеа насекаде, па и кај нашите читатели.

За да ја заокружиме годинава, направивме мала компилација од најчитаните текстови поврзани со науката на Факултети.мк.



Првото место годинава го зазема што друго, ако не текст за коронавирус. Најчитаниот текст од областа на науката е „Што му прави коронавирусот на телото - орган по орган“. Овој текст беше објавен уште во почетоците на пандемијата, но привлече големо внимание.

На второто место се најде текстот „Колку долго заболените од Ковид-19 може да бидат заразни?“, а третото место го зазеде „Математиката поврзана со пандемијата што секој треба да ја разбере“.

Четврти најчитан текст од областа на науката е „Кога е безбедно да се биде во близина на некој што закрепнал од Ковид-19? Еве што велат експертите“, а на петтото место се најде текстот „Пред 40 години Карл Сејган со картон и стапчиња покажал дека Земјата не е рамна“.

Доколку сте пропуштиле некој од нив, слободно можете сега да го прочитате, а доколку веќе ви се прочитани, може да се потсетите. Се надеваме дека следната годишна компилација ќе биде поразновидна и повесела.

Фотографии: Pixabay

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот