Денес, многу производи повторно се создаваат преку технологијата. Од паметни телевизори до паметни соби, моќта на технологијата повеќе не нè изненадува. Додека многу од најновите технолошки креации се посветени на забавата, постојат многу нешта што придонесуваат за нашето добро, особено за оние што имаат некаква попреченост.
Неодамна револуционерен паметен стап наречен „Виволк“ беше претставен како помош за слепите луѓе многу поефикасно да се движат кога се сами.
Стапот бил создаден од инженер со оштетен вид, Курсат Цејлан, извршен директор и соосновач на академијата „Јанг гуру“, која го финансира „Виволк“. И Курсат е слеп, така што совршено знае со какви предизвици се соочуваат луѓето како него, па затоа реши да го искористи своето знаење и да создаде нешто што ќе им го подобри животот на луѓето.
- Во денешно време зборуваме за автомобили што летаат, а овие луѓе користат само обичен стап. Како слепа личност, кога сум на станица, не знам каде е излезот, не знам кој автобус се приближува и кои продавници се околу мене. Ваквиот вид информации може да се обезбедат со „Виволк“ - изјави Курсат.
Паметниот стап им помага на лицата со
оштетен вид користејќи паметна технологија што ја користиме секој ден. Стапот е опремен со вградени звучници, гласовен асистент, „Гугл“ и сензори што испраќаат вибрации за да предупредат за пречките што имаат висина до градите.