X
 11.09.2020 Образование

МОН ја објави листата со добитници на финансиска помош за купување училиштен прибор

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од јавниот повик за доделување финансиска поддршка на ученици запишани во јавните средни училишта за купување училиштен прибор, а кои се од семејни домаќинства со низок доход, за време на вонредна состојба.

На страницата на МОН е објавена и конечна листа со сите 98 корисници на средства за купување училиштен прибор, а можете да ја погледнете ТУКА.

Ваучерите се во износ од 3.000 денари и за нив можеа да аплицираат ученици постари од 16 години на денот на влегувањето во сила на уредбата и да живеат во семејство во кое остварениот просечен месечен доход не е поголем од просечната плата во месец март оваа година.

Според огласот кој Министерството за образование и наука го објави минатиот месец, под училиштен прибор се подразбира: тетратки, листови за боење (блок за цртање), прибор за пишување, прибор за боење, бои, училишни торби (ранци), гуми за бришење, острилки за моливи, прибор за пенкала и моливи, технички моливи, калкулатори, глина за моделирање, линијари, шестари, лектири, Брајова хартија, како и спортска опрема (спортски обувки и спортска маица и спортски панталони) за потребите на наставата за спорт и спортски активности.

Ова е една од кризните мерки на Владата за помош на социјално загрозените семејства во време на светската пандемија на Ковид-19.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование