Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ веќе нема да лета до аеродромот Келн/Бон во Германија. Според пишувањата на „Аеротелеграф“, сите врски ќе бидат прекинати со доаѓањето на новиот зимски распоред за 2024/2025.
Авионите на унгарската авиокомпанија сега летаат до Скопје и Тирана, а од ноември веќе не може да се букираат летови на страницата на „Визер“. Ова означува крај на соработката меѓу аеродромот и авиокомпанијата по 10 години.
Иако од компанијата досега не излегле со коментар, порталите ги наведуваат високите трошоци како причина за одлуката. Според пишувањата, на високите трошоци на овој германски аеродром се жалеле и од „Рајанер“.
Извор:
General Anzeiger
Насловна фотографија: Pixabay