X
 13.08.2018 Живот

„Визер“: Не ги укинуваме летовите за Барселона, Лондон и Ваксјо - ќе ги има само во лето

Нискобуџетната авиокомпанија најави една нова рута - од Охрид до Виена, која почнува во ноември


- Рутите од Скопје до Ваксјо и Барселона, како и од Охрид до Лондон Лутон, се оптимизирани според барањата на пазарот и ќе бидат функционални само во летната сезона. Наскоро авиокомпанијата ќе го објави летниот распоред за 2019 година и патниците ќе можат да ги планираат своите патувања и да ги резервираат своите карти на WIZZ рутите од Македонија – тукушто соопшти компанијата „Визер“ за Факултети.мк.

По објавите во македонските медиуми дека компанијата есенва ќе укине три линии од земјава, кон Барселона, Лондон и Ваксјо (Шведска), многумина тоа го поврзаа со фактот дека македонската Влада го поништи последниот тендер за доделување субвенции за нискобуџетни летови, на кој единствена пријавена компанија беше „Визер“.


Летовите се оптимизирани   Фото: Википедија

На прашањата што точно се случува, ова е официјалната изјавата од авиокомпанијата Wizz Air.

- Вообичаена пракса во авионската индустрија е фреквенциите на летовите да се менуваат според патните периоди и перформансите на рутите. Wizz Air постојано ги следи перформансите на своите рути за да овозможи најпопуларните дестинации да имаат најниски цени. Рутите од Скопје до Ваксјо и Барселона како и од Охрид до Лутон, Лондон се оптимизирани според барањата на пазарот и ќе бидат функционални само во летната сезона. Наскоро, авиокомпанијата ќе го објави летниот распоред за 2019 година и патниците ќе можат веќе да ги планираат своите патувања и да ги резервираат своите карти на WIZZ рутите од Македонија – соопштија од „Визер“.

Компанијата ја нагласува својата посветеност кон македонските корисници. Велат дека постојано ја прошируваат својата мрежа со ниски цени и создавање на повеќе достапни туристички патувања од аеродромите во Скопје и Охрид. Во моментов „Визер“ нуди 30 рути до 14 земји со капацитет од 1,6 милиони седишта, остварени во продажба во 2018 година, а тоа е 23 отсто повеќе од лани. Година авиокомпанијата го зголемила капацитетот на своите седишта со замена на 2 Airbus A320 авиона од локалната флота со два нови Airbus A321 и најави една нова рута од Охрид до Виена, која почнува во ноември.

- Во последните 7 години, кога прв пат почнавме да работиме во Македонија, сè
до денес, Wizz Air е водечка авиокомпанија во државата. Компанијата со постојано инвестирање во локалните операции и со обезбедување на поволни можности за патниците ја стекна довербата и лојалноста на повеќе од 4,6 милиони патници, транспортирани од 2011 година од целата земја. Нашата македонска флота во Скопје се состои од 2 Airbus 321 и 2 Airbus A320, што значи инвестиција од над 430 милиони долари. Оваа година локалниот тим на WIZZ во Македонија порасна на повеќе од 140 локални членови и според индустриските стандарди, операциите на WIZZ отворија повеќе од 900 индиректни работни места во 2017 година – велат од „Визер“.


Подготвил: Весна Ивановска-Илиевска / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот