X
 01.06.2021 Живот

„Визер“ повторно отвори 7 линии од Македонија до 4 европски земји

„Визер“ денес објави дека постепено се отвораат 7 линии до 4 дестинации, од двата македонски аеродрома. Првиот од обновените летови беше на 23 мај.

Земји во кои „Визер“ повторно ги отвора летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска. Така, Македонија повторно се поврзува со Париз Бове, Базел-Милуз-Фрајбург, Фридрихсхафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе/Баден-Баден и Малме.

Од компанијата истакнаа дека продолжуват со безбедносните протоколи во авионот и ефективниот систем за вентилација. Системот за вентилација со кој е опремен авионот е дизајниран за целосно менување на воздухот во кабината 20 пати на час, така што чистиот воздух постојано циркулира.

Фото: Pixabay

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот