04.12.2018
Живот
„Инстаграм“ го уништува езерото Делта во Вајоминг
Туристичката организација во Вајоминг побара од посетителите да престанат на „Инстаграм“ да се означуваат на познатото езеро Делта со цел да се заштитат шумите и езерската вода од голем број туристи.
Објаснувајќи го повикот, Брајан Моден, претставник на Организацијата, изјави дека животната средина е „под закана“ од голем број посетители, кои одат таму за да уживаат во прекрасните пејзажи што ги гледаат на социјалните мрежи.
- Инстаграм-корисниците почнаа да објавуваат слики од езерото. Оттогаш почна инвазијата на ова место - истакна Моден.
До пред неколку години само два-тројца туристи оделе дневно до езерото Делта, а денес 145 луѓе на ден го прават тоа.
- Затоа, се препорачува корисниците на „Инстаграм“ да престанат со означување, со што ќе ја сочуваат природата - додаде Моден.
Извор: МИА