„Инстаграм“ најави мала промена на сторито. Сега кога некој ќе ве спомене во своето стори, ќе имате опција веднаш да го споделите (репостирате), додавајќи ја фотографијата или снимката на вашето стори.
Функцијата е наречена „@mention Sharing“ и се иницира кога ќе означите некого во ваше стори. Вие веднаш ќе бидете известени дека означените корисници може да го репостираат сторито во следните 24 часа. Означениот корисник ќе добие известување преку порака дека е тагирано и линк на кој ќе може да го сподели, односно репостира истото стори. Едноставно кликање и ќе се појави прегледна верзија од сторито каде што ќе можат да се прават промени, да се пишува, да се ставаат стикери и друго. Кога ќе биде објавено, следбениците ќе можат да го видат корисничкото име на оној што го ставил оригиналното стори и со еден клик ќе можат да се префрлат на профилот на тој корисник.
Оваа новина важи само за оние корисници чии профили се јавни и сега е дел од верзијата 48 на „
Инстаграм“, на Андроид и iOS.
Фото: The Verge
Во меѓувреме има сѐ повеќе најави дека „Инстаграм“ во иднина може да почне да личи на „Јутјуб“. Наводно, „Инстаграм“ сака да соработува со креатори на содржини за да развие форма на подолготрајна видеосодржина, слично како „Snapchat Discover“. Оваа најава доаѓа по известувањата дека „Инстаграм“ експериментира со овозможување корисниците да споделуваат снимки кои траат и до еден час, со особен фокус на вертикалните
снимки. Новите видеа може дури и да имаат свој таб во апликацијата или дури и своја апликација.