X
 11.10.2018 Живот

Пустошот што зад себе го остави ураганот Мајкл

Ураганот Мајкл вчера ја погоди Флорида и зад себе остави пустош како третиот најсилен ураган што некогаш бил забележан во САД и најсилниот ураган што ја погодил Флорида во изминатите стотина години, со сила на ураган од 4. категорија.

Најмногу штета Мајкл предизвикал во градот Панама - основното училиште Јинкс било толку силно погодено што „ловецот на бури“, Брет Адаир, со својот дрон можел да помине низ уништената спортска сала во училиштето. Ураганот буквално го откорнал кровот од спортската сала и ги уништил ѕидовите.

Низ цела Панама можат да се видат срушени бандери, откорнати дрвја и куќи без покриви. Повеќе од 359.000 луѓе останале без електрична енергија.

Службите за итни случаи апелираат до жителите да не излегуваат на улиците додека не се отстранат опасните објекти.

Еднакво шокантна снимка од пустошењето на ураганот објавил и друг ловец на бури, Брендон Климент.

Ураганот Мајкл, однел две жртви, а сега, како тропска бура, продолжува преку Јужна Каролина, истовремено погодувајќи ги и Северна Каролина и Вирџинија со силни ветрови и дожд, со опасност од појава од торнадо.

Евакуација одбиле 320.000 луѓе кои живеат на брегот на Флорида. Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба за цела Флорида, што овозможи испраќање на федерална помош. Околу 3.500 војници од Националната гарда на Флорида и 1.000 спасувачи. Пентагон испратил повеќе од 2.200 војници, хеликоптери, чамци и друга опрема.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот