X
 15.08.2018 Живот

Поради климатските промени, сите ќе мора да се иселат од оваа земја

Се проценува дека просечната температура во Судан до 2060 година ќе се зголеми за најмалку 1,1 Целзиусов степен, можеби и за 3,1 степени, а токму климатските промени што ги претрпува земјата се причина за иселувањето на 600.000 лица.

Станува збор за климатски бегалци, израз кој пред само неколку години се чинеше егзотичен. Судан, кој се наоѓа во полусувиот савански екорегион Сахел, беше полн со баобаби и акации. Многу од тие подрачја денес брзо се менуваат во пустини, а пропаѓа и природната разноликост и условите за земјоделство и сточарство.

Земјата која во последните децении доволно патеше од војните, во покраината Дарфур во 2003 година се случи геноцид, сега се справува и со глад поради климата. Од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања проценуваат дека со земјоделство или сточарство наскоро нема да можат да се занимаваат 1,9 милион луѓе, за кои тоа е единствен начин да преживеат. Исто така, вкупно 3,2 милиони луѓе ќе трпат критичен недостиг на вода. Судан денес е 15-тата најнесигурна земја на светот според стабилноста на исхраната на своето население, а во иднина ќе биде уште полошо. Со оглед на тоа дека на климатските промени секогаш се надоврзуваат и опасностите од епидемии, на пописот со болести што му се закануваат на Судан во блиска иднина се маларија, жолта треска и колера.

Судан не е единствената земја во Африка на која ѝ се закануваат климатските промени. Најзагрозен е обрачот кој ги зафаќа Сенегал, Мали, Нигерија, Чад, Судан, Јужен Судан, Етиопија, Кенија, Танзанија, Мозамбик, Боцвана, Зимбабве, Замбија и Ангола. Покрај тоа, подрачјата кои традиционално се пустински или полупустински, но денес сепак се населиви, наскоро би можеле да станат неподносливи за живеење. Тој појас на пустошот, без никакви билки, животни или луѓе, би се протегал од Мароко до Саудиска Арабија.

Фото: Pixabay

А и сето тоа заедно е само капка во морето проблеми што се отвораат со климатските промени. На некои земји уште денес им се заканува потонување поради растот на нивото на морето - Бангладеш, Кирибати и многу други. Арктикот оваа година бележи температури кои со денови беа 20, 30 или повеќе степени над просечните. Во светот се сушат шуми, реки, беснеат урагани и таму каде што никогаш немало, има поплави, епидемии и многу други катастрофи.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот