X
 25.02.2017 Култура

Откриена причината за пропаста на Ацтеките во Мексико?!


Ацтечка градба

Списанието Nature објави ново истражување каде научниците за првпат изнесуваат ДНК докази за причината на епидемијата од 1545 година која ја уништи оваа древна цивилизација.

Кога шпанските конквистадори стигнале во Мексико во 1519 година, според проценките, таму живееле околу 25 милиони домородци. Еден век подоцна, останале само еден милион.

Пропаста на ацтешкото царство низа години била предмет на многу истражувања, и воопшто се верувало дека истата била предизвикана од  два главни фактори: доаѓањето на шпанските освојувачи и бројните европски болести кои ги донеле на оваа територија, а на кои домородците немале соодветен имунолошки одговор.

Најстрашната од сите епидемии опустошувала во периодот меѓу 1545 и 1550 година, и се верува дека тогаш животот го изгубиле повеќе од 80 проценти од автохтоното население.

„Епидемијата од 1545 година се смета за една од најразорните во историјата на Новиот свет“, истакнаа група научници од германскиот Природонаучен институт Макс Планк.

Порано научниците сугерираа дека сипаниците, тифусот, па дури и хеморагичната треска биле главни предизвикувачи на епидемијата, но ниту една од овие хипотези не била потврдена со ДНК докази.

Во обид да се расветли причината за епидемијата меѓу Ацтеките, научниците од гробиштата на висорамнината Оаксакан на југот од Мексико успеале да изолираат ДНК од забите на 29 тела, од кои 24 починале за време на епидемијата.

Експертите ја екстрахирале  бактериската ДНК од хуманата, и по споредувањето  со повеќе од 2.700 модерни бактериски  геноми, утврдиле дека заразата потекнувала од смртоносниот тип на салмонела наречена Paratipi C.

Проследете го видеото:

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура