Рускиот претседател Владимир Путин на средба со земјоделци од ставропољскиот крај ја откри тајната на својата работоспособност.
Тој заедно со премиерот Дмитриј Медведев посети овоштарник со јаболка на земјоделското претпријатие „Расвет“.
Една од работничките прашала како Путин успеал со толку густ распоред да одвои време за ручек со нив. Путин се пошегувал: Па зошто дојдов? Да ручам.
- Најдобрата енергија е комуникацијата со луѓе како вас. Искрено ви велам. Тоа е вистина. Кога гледате што се случува, секогаш се наоѓа дополнителна сила. Кога ќе видите луѓе кои успеваат, кои работат и имаат толку добри резултати. Тоа исто така е и наш резултат и поради тоа секогаш има добра енергија - истакнал рускиот претседател.
Путин и Медведев биле послужени со исти оброци како и работниците: салата од свеж домат и краставица, боршч, месо со пире, компот од
јаболка и шарлота.