X
 25.06.2016 Технологија

Русија работи на уред за телепортација

Наскоро, телепортирањето можеби нема да биде нешто од филмовите, туку и од реалноста. Русија претстави планови за работа на технологија за телепортирање до 2035 година.


Уредот за телепортирање би овозможил пренесување на личност од точка А до точка Б без да мора да патува во просторот меѓу точките.

„Комерсант“ изјавува дека истражувачката програма добила буџет од 1,4 трилиони фунти за да ги реализира плановите за телепортација.

Александар Галицки, еден од инвеститорите во технолошкиот сектор на земјата објаснува дека многу од технологијата што ја гледаме денес била инспирирана од научно-фантастичните филмови пред 20 години.

Буџетот покрива и планови за создавање руски програмски јазик за комуницирање меѓу човекот и компјутерот.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија