X
 10.01.2022 Живот

Кралицата бара квалитетен работник и нуди плата од 26.800 евра годишно

Кралицата Елизабета е во потрага по квалитетни работници. Ова беше објавено на официјалната веб-страница на кралското семејство „Royal Household“.

Огласот за работа се појави откако вооружен млад човек се обидел да упадне во замокот Виндзор, каде што во тоа време биле кралицата Елизабета, принцот Чарлс и Камила, па не е чудно што моментално им е најпотребен офицер задолжен за безбедноста на идниот британски крал и неговото семејство.

Кралицата нуди годишна плата од 26.8000 евра за 38-часовна неделна работа, а се работи сите седум дена во неделата.

- Како службеник за безбедност, вашата улога ќе биде да го поддржувате тимот во правењето на палатата Кенсингтон сигурно и безбедно место за работа и посета. Задачите ќе ги вклучуваат традиционалните елементи на контрола на пристап, патролирање, водење евиденција за смени, следење на видеонадзорот, следење на безбедносните системи, отворање и затворање на имотот и подготвеност да им помогнете на нашите посетители на кој било начин да уживаат во незаборавно искуство. Бидејќи тоа е улога на поддршка, вашата шема на смена понекогаш може да биде ад хок и ќе вклучува и дневна и ноќна работа во седумдневна ротација - пишува во огласот.

- Ова е фантастична можност да станете дел од 300-годишната историја на Кенсингтонската палата и да ни помогнете да ги оживееме нашите фасцинантни приказни за сите наши гости, секој ден - пишува во огласот за вработување.

ТУКА можете да најдете повеќе детали за огласот за работа.

Извор: b92.net | Metro.co.uk
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот