X
 11.10.2023 Образование

Средните училишта во Данска го прифаќаат „Чет-ГПТ“ како наставна алатка

Бумот на вештачката интелигенција поттикна еден наставник да почне да ја користи во училницата.

Од неговото лансирање минатата година, училиштата низ светот се мачат со употребата на популарниот чет-бот „Чет-ГПТ“ поради мамење.

Мете Молгард Педерсен, професорка по англиски јазик во гимназијата „Хорсенс“ во централна Данска, забележала дека некои ученици ги напишале задачите со помош на „Чет-ГПТ“.

- Моето искуство беше дека учениците ќе го користат без никакво размислување и на тој начин станува пречка за учење, а учењето е целта. Но, ако можеме да го промениме начинот на кој тие го користат, така што ќе стане алатка за учење, тогаш ќе имаме голем успех. Ако можеме да разговараме со нив како да ја искористат вештачката интелигенција, тогаш целата идеја дека не смеат да разговараат за „Чет-ГПТ“ ќе исчезне - додава Педерсен.

Бумот на „Чет-ГПТ“ ја поттикна Педерсен да започне проект за користење на чет-ботот во училницата наместо да го блокира.

Сега пет дански средни училишта ја охрабруваат употребата на технологијата во некои паралелки, како дел од двегодишниот проект.

Учениците засега се задоволни од иницијативата.

- Мислам дека претходно сите мислевме дeка ќе го користиме за мамење, но еве го користиме како алатка за образование - вели Фие Норсков, 18-годишен ученик од гимназијата „Хорсенс“.

На еден неодамнешен час по англиски јазик учениците имаа задача прво сами да анализираат кратка приказна, а потоа да го користат чет-ботот - одлична лекција за способностите на технологијата, но и нејзините ограничувања.

- Мислам дека е одлично. Мислам дека тоа е алатка како и сите други, слична на пребарувач, но можете да бидете поконкретни со неа и може да ви даде подиректни одговори - вели 17-годишниот Џејкоб Иде Дидериксен.

Но, многу наставници се одлучуваат за спротивното и сметаат дека треба да се забрани „Чет-ГПТ“.
Некои наставници бараат од учениците да ја покажат историјата на едитирање и нацрти за да го докажат својот процес на размислување.

Други наставници се помалку загрижени. Како што велат тие, некои ученици отсекогаш наоѓале начини да препишуваат и мамат, па ова е само најновата опција.

 

Извор: Euronews.com
Фото:
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование