На децата најмногу влијаат родителите и наставниците. Не треба да ги осудуваме денешните ученици доколку сметаме дека прават нешто што не е во ред. Во голем дел од случаите, виновниот е некој многу постар и „помудар“ од нив.
Одличен пример за тоа е наставничката која доделила ваква анкера. Се работи за анкета доделена во основното училиште „Меша Селимовиќ“ во Сараево од предметот англиски јазик.
На прашалникот има прашање: „Кои деца се најписмени: Бошњаците, Србите, Хрватите, Ромите...“.
Директорот бил контактиран од страна на родители на децата, а тој ја префрлил целата вина на наставничката која ја доделила анкетата и изјавил дека воопшто не знаел за неа.
„Сè уште не успеав да разговарам со наставничката Емина Рамовиќ, која ја поделила анкетата на децата“, изјавил тој.