За многумина, интервјуто за работа претставува кошмар. Сакате да ја добиете работата, но се плашите. Но, тоа не е многу повеќе од игра. Бара неколку чекори за да биде успешно завршена. Ова се чекорите.
Повеќе копии од резимето
Кога одите на интервју земете 3-5 копии со вас. Зошто? Можеби ќе сретнете некој друг покрај вашиот работодавач и тоа ќе биде вашата единствена шанса за да му ги покажете своите вештини.
Облечете се соодветно
Ова е просто правило, но сепак, многумина не го почитуваат. Тоа не значи дека треба да имате костум со вратоврска. За одредени интервјуња ова е претерано. Облечете се соодветно и едноставно.
Точност
Вашиот работодавач може да доцни на интервјуто, но вие не треба да пристигнете премногу рано или премногу доцна на интервјуто.
Истражувајте ги компанијата и работното место
Детално истражете ги работното место и компанијата пред да се пријавите за интервју. Пријавете се само доколку навистина одговарате за работното место. Не губете нечие време бесполезно.
Каква корист имаат тие од вас?
На интервју на работа одете со јасна слика во главата: Што ќе донесете во компанијата? Тие нема да ве плаќаат за да седите.
Сетете се на претходните достигнувања
Потсетете се на сите одлични достигнувања од минатите работни места или од училишните клупи и кажете за нив кога ќе бидете прашани.
Бидете присутни со умот
Многупати, работодавците прашуваат неочекувани прашања кои имаат намера да ве збунат. Бидете фокусирани за да одговорите добро на овие трик прашања.