11.11.2018
Живот
Трамп не знае каде се наоѓаше Југославија
Доналд Трамп ги помеша Балканот и Балтикот, според францускиот весник „Ле Монд“ кој ја објави веста во пресрет на состанокот меѓу Трамп и Макрон.
Имено, кога Трамп остварил средба со лидерите на Естонија, Латвија и Литванија во април во Вашингтон, тој им ја припишал одговорноста за војната во Југославија. Далија Грибаускајте, Керсти Каљулаид и Рајмондс Веџонис останале зачудени и им биле потребни неколку минути за да сфатат дека американскиот претседател всушност ги измешал Балтичките земј и Балканот.
Како што пишува „Ле Монд“, Трамп очигледно е необразован кога станува збор за потеклото на неговата сопруга Меланија, која е од поранешна Југославија.
Подготвил: Тамара Гроздановски