X
 02.05.2023 Култура

Југославија била првата земја што ги цензурирала стриповите на „Дизни“

На територијата на поранешна Југославија, стриповите доживеаја златна доба во 70-тите и 80-тите години на минатиот век, а во почетокот на 20 век уживаа голема популарност.

Но, на овие простори тие се појавиле многу порано - уште во Кралството Југославија, во 30-тите години на минатиот век. Тоа пристигнување било проследено со урнебесна анегдота. Имено, Мики Маус, во тоа време преведен како Мика Миш, бил забранет, со што Југославија била првата земја што ги цензурирала дизни-стриповите.

Цензурирана била епизодата со Мика и неговиот двојник, која потсетувала на политичките настани од тоа време и на тој начин предизвикала потсмев во јавноста: во неа чичкото станува љубоморен на принцот и договара предавство. Во тоа време со Југославија управувал Павле Караѓорѓевиќ.

Оваа сличност ја забележал и Хуберт Д. Харисон, тогашен дописник на „Ројтерс“ и „Њујорк тајмс“, од Белград. По исмејувањето на цензурата на стриповите и целата ситуација, тој бил протеран од земјата.

Алан Форд, веројатно најпопуларниот стрип на сите простори, првпат бил објавен во Југославија во 1970 година во генијалниот превод на Ненад Брикси. И тој имал проблеми со цензурата, но не поминал толку лошо како несреќниот Мики Маус, а интересно е тоа што само во Југославија и Италија поминал одлично.

Издавачите се обиделе да го пласираат на разни светски пазари, но се чини дека ваков хумор бил прифатен само кај нас. По популарност следувале стриповите на Бонели, кои и денес имаат култен статус.

Денес, првите изданија на Текс и Загор достигнуваат цена од илјада евра на аукции, но само доколку стрипот е во совршена состојба.

Извор: 6yka.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура