X
 05.06.2017 Живот

„Ако птицата го јаде житото на вашиот пријател – избркајте ја, затоа што ќе дојде време кога ќе го јаде и вашето“

Мудроста е способност да мислиме и делуваме употребувајќи знаење, искуство, разбирање и свесност. Грст мудри мисли се секогаш добредојдени во животот, особено затоа што ни користат при донесување на важни животни одлуки.

Прочитајте ги овие мудри мисли кои потекнуваат од африканските племиња.

1. Ако имаш цел, ќе го најдеш и патот.
2. Ако птицата го јаде житото на вашиот пријател – избркајте ја, затоа што ќе дојде време кога ќе го јаде и Вашето.
3. Ако некој Ви каже дека гладот е подобар од ситоста, немојте да му верувате.
4. Подобро е непријателот да го задржите надвор од куќата, отколку да го бркате надвор од неа.
5. Несоодветните шеги од пријателите се исто што и издавањето.
6. За гасење на пожар не се бара чиста вода.
7. Знаењето е како баобаб дрво: еден човек не може да го прегрне.
8. Кога ти е тешко – плачи, но твоите солзи нека не течат по земјата – би можеле да ја извалкаат.
9. Лагата има седум завршници, а вистината само една.
10. Лагата може да нанесе болка сто пати поголема отколку копјето.
11. Мудроста не живее само во една куќа.
12. Остави го тоа што некој го сака на оној кој го сака, затоа што ако му кажеш да го остави она што го сака, тој и понатаму ќе го сака, а тебе ќе те мрази.
13. Преголемата мудрост се граничи со глупост.
14. Со претерана добродушност нема да стигнеш далеку.
15. Само глупав човек може да скрши ситни нешта.
16. Среќен е кртот кој живее под земја и не го гледа овој свет.
17. Срцето  нѐ води и во рај и во пекол.
18. Срцето не е колено за да може да се свитка.
19. Што ќе ни е богатството ако поради него за миг може да ја изгубиме главата.
20. Што не се постигнува со плачење, се постигнува со молчење.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот