Постојат некои реченици кои остануваат вечно, можат да се применат на секого, без разлика во кое време живее. Да се потсетиме на некои универзални вистини и мудрости, кои можат да ве инспирираат за да успеете.
- „Во само два збора можам да сумирам се што сум научил во животот: Ќе продолжи.“ – Роберт Фрост (поет)
- „Животот се состои од околу 10 проценти од она што ви се случува и 90 проценти како одговарате на тоа.“ – Лу Холк (некогашен фудбалски тренер)
- „Нашата примарна цел во овој живот е да им помогнеме на другите. А ако не можеме да им помогнеме, барем да не ги повредуваме.“ – Далај Лама
- „Многу од животните неуспеси доаѓаат од луѓето кои не сфаќаат колку биле блиску до успехот кога се откажале.“ – Томас Едисон (физичар и пронаоѓач)
- „Животот не е проблем кој треба да се реши, туку стварност која треба да се искуси.“ – Јакобус Јоханес Лиу (филозоф и автор)
- „Важната работа не треба да биде колку години останале во вашиот живот, туку колку животи останале во вашите години!“ – Едвард Стиглиц
- „Живееме од она што добиваме, а си создаваме на себе живот од она што го даваме.“ – Винстон Черчил (државник)
- „Мојата животна мисија не е да опстанам, туку да напредувам и тоа да го направам со малку страст, малку сочувство, малку хумор и малку стил.“ – Маја Ангелоу (писателка, уметник)
- „Не го сфаќајте животот премногу сериозно. Никогаш нема да се извлечете живи од него.“ – Елберт Хубард (писател и филозоф)
- „Секоја личност мора да го живее својот живот како модел за другите.“ – Роса Паркс (активист за човекови права)
- „Мојата животна филозофија е дека ако одлучиме што е тоа што го сакаме да го оствариме во животот и тогаш работиме напорно за да ја оствариме таа цел, никогаш не губиме – некако секогаш победуваме.“ – Роналд Реган (државник)
- „Животот не се врти околу тоа колку брзо трчате или колку високо можете да се искачите, туку колку сте добри во слетувањето.“ – Вивиан Комори (претприемач)
- „Секој живот се состои од грешки и лекции, чекање и напредување, практикување трпение и упорност.“ – Били Грахам (министер, автор, евангелист)
- „Било кој да престане да учи е стар, без разлика дали има 20 или 80 години. Секој кој учи останува млад. Најдобрата работа во животот е да го одржувате умот млад.“ – Хенри Форд (претмприемач)
- „Луѓето често кажуваат дека не се пронашле. Но, вистината е дека некој не може себеси да се најде, туку да се создаде.“ – Томас Сас (психијатар)
- „Ако не направите сопствен план, постојат големи шанси дека ќе упаднете во туѓ план. И погодете што тие планирале за вас? Не многу.“ – Џим Рон (бизнисмен и писател)
- „Литературата допринесува во реалноста, не е само дека ја опипува. Го збогатува секојдневниот живот и во таа смисла, ги наводнува пустините, кои станале нашите животи.“ – К.С. Луис (книжевник)
- „Квалитетот н нечив живот е правопропорционален со посветеноста да се биде извонреден, без разлика која е областа на нивното дејствување.“ – Винс Ломбарди (фудбалски тренер)
- „Најважно и најупорно животно прашање е: Што правите за другите?“ – Мартин Лутер Кинг (борец за човекови права)
- „Најголема авантура која можете да ја искусите е да го живеете животот од вашите соништа.“ – Опра Винфри (водителка, ТВ ѕвезда)