X
 14.11.2016 Живот

Карлос Кастањеда: „Ако не ти се допаѓа она што го добиваш, промени го тоа што го даваш“

Луѓето обично не се свесни дека во секој момент може да ги отстраните од вашиот живот. Во секое време. Моментално.

Карлос Кастањеда е шпански писател кој е запаметен по контроверзните теми за кои пишува. Голем дел од неговата публика смета дека филозофијата и практиките кои ги во книгите се вистински техники за подигнување на свеста. „Учењето на Дон Хуан“ е прва од серијалот книги во кој Кастањеда го опишува традиционалниот шаманизам.

Прочитајте 15 изреки на неговиот Дон Хуан:

1. Однесувај се буквално како на сон. Дејствувај смело и не барај изговори.

2. Не објаснувај премногу. Кога објаснуваш зошто не можеш да го направиш ова или она, всушност ти се извинуваш за сопствените недостатоци, надевајќи се дека оние што те слушаат ќе бидат добри и ќе ти ги простат.

3. За да го извлече максимумот од својот живот, човекот мора да знае да се менува. Најтешко е да се одлучиш на менување.

4. Јас не се лутам никому. Ниеден човек не може да направи нешто такво за да ја заслужи таа моја реакција. На луѓето им се лутиш кога чувствуваш дека нивните постапки се важни. Одамна не чувствувам ништо слично.

5. Секогаш треба да знаеш дека патот - е само пат. Ако чувствуваш дека не треба да одиш по него, напушти го.

6. Ти сега не можеш да ме разбереш поради твоите навики да мислиш така, како што гледаш.

7. Ако не ти се допаѓа она што го добиваш, промени го тоа што го даваш.

8. Главна препрека кај повеќето луѓе е внатрешниот дијалог. Кога човек ќе научи да го запре, сѐ станува можно. Најневозможните проекти стануваат возможни.

9. Луѓето обично не се свесни дека во секој момент може да ги отстраните од вашиот живот. Во секое време. Моментално.

10. Единствен вистински мудар советник кој го имаме – е смртта. Секогаш кога ќе почувствуваш дека си на раб на колапс, сврти се на лево и прашај ја својата смрт дали е тоа така.

11. Секој оди по својот пат. Ако одиш со задоволство, значи дека тоа е твој пат. Ако се чувствуваш лошо – во секој момент можеш да се тргнеш од него, без разлика колку далеку си отишол. И тоа ќе биде правилно.

12. Потребно ни е сето наше време и целата наша енергија за да го надминеме идиотизмот во себе.

13. Суштината е во тоа на што да се ориентирате... Секој од нас се прави самиот себе си или несреќен или силен. Обемот на работа, неопходен и во првиот и во другиот случај е ист!

14. Да се стане човек на знаење, мора да се биде воин, а не плачливо дете. Бори се, не се откажувај, не се жали, не отстапувај, бори се додека не прогледаш. И сето ова е за да сфатиш дека во светот не постои ништо што би било важно.

15. Тоа што го правиш во овој момент, сосема е возможно да биде и твој последен чин на земјата. Во светот не постои сила која би можела да ти гарантира дека ќе поживееш барем уште 5 минути.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот