X
 11.11.2021 Култура

Дали оваа јужнокорејска серија ќе го повтори успехот на „Игра со лигни“?

Откако „Игра со лигни“ стана најгледаната серија на „Нетфликс“, челниците на оваа стриминг-платформа одлучија дека е идеално време на гледачите да им понудат повеќе јужнокорејски содржини, па се подготвуваат да објават уште еден ветувачки проект.

Овој пат станува збор за хорор-серијата „Хелбаунд“ (Hellbound), поддржана од Јеон Санг-хо, најпознат по филмот „Воз до Бусан“ и одличното продолжение „Полуостров“.

Дејството на серијата е сместено во една од верзиите на Сеул кој го тероризираат чудовишта. Во центарот на приказната е религиозната организација наречена „Нова вистина“, која ја презема контролата и почнува да ги пренесува пораките на чудовиштето. Штом некој се осмели да ги преиспита нивните идеи и пораки, тој за брзо време станува жртва. Сето тоа предизвикува хаос во градот.

Во секој случај, „Нетфликс“ продолжува да го следи долгогодишниот тренд на популаризација на јужнокорејската кинематографија во светот, од култниот „Олдбој“ до „Паразит“, кој доби „Оскар“ за најдобар филм. Покрај тоа, почнаа да се снимаат и нови верзии на јужнокорејски филмови, па „Време за ловење“ ќе добие и англиска верзија.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура