X
 23.10.2024 Живот

Како настанале Штрумфовите и дали се поврзани со комунизмот?

На 23 октомври 1958 година, пред точно 66 години, светот за првпат ги запозна Штрумфовите, малите сини суштества од белгиската франшиза на стрипови, кои подоцна станаа светски познати.

Штрумфовите за првпат се појавиле во стрипот на белгискиот уметник Пјер Кулифор, познат како Пејо, а оттогаш се појавија и во филмови, телевизиски емсии, видеоигри и насекаде низ мејнстрим медиумите. Познати по нивната симпатичност, забава и пријателски дух, тие ретко се поврзувале со политички мотиви или ставови.

Сепак, контроверзните гласини дека Штрумфовите имаат комунистичка или антисемитска конотација постојат повеќе од една деценија.

Еве што треба да знаете за тоа како настанала оваа теорија на заговор.

Теоријата на заговор дека Штрумфовите се нешто повеќе од невини, пријателски расположени суштества доби популарност благодарение на едно јутјуб-видео од 2008 година објавено од корисникот Еван Топам, и покрај тоа што самото видео нагласува дека не треба да се сфаќа сериозно.

Видеото ги сумира идеите кои веќе некое време кружат на интернет-просторот за тоа како Штрумфовите претставуваат комунистички вредности.

Корисникот Еван во видеото ги истакнува сличностите помеѓу идеалното комунистичко општество и општеството на Штрумфовите: тие се самодоволни во управувањето со својата заедница, функционираат без пари во колективистичкото општество, секој Штрумф работи за доброто на сите и нивниот водач, кој донекаде наликува на Карл Маркс и ја сака црвената боја.

Гаргамел, претставник на капитализмот?


Топам забележува дека алчниот и безмилосен Гаргамел, злобниот лик од Штрумфовите, е претставник на капитализмот.

- Единствената грижа му е личната сатисфакција. Тој е она што се случува кога поединецот станува поважен од општеството во кое живее - вели Еван.

Гаргамел носи свештеничка облека и ја симболизира религијата. Тој го сака златото и парите (капитализам). Парите не се користат, но секој го добива она што му е потребно бесплатно. Полињата со јагоди им припаѓаат на сите.

Штрумфови на англиски јазик се пишува „Smurfs“ што е кратенка за „Мали луѓе под црвено знаме“ (Small Men Under Red Forces). Се смета дека Штрумфовите бил сеоздадени против американскиот капитализам и во Америка биле забранети долго време.

Штрумфовите немаат никаква врска со политиката


Но, што се однесува до семејството на креаторот, Штрумфовите немаат никаква врска со политиката и всушност Пејо воопшто не бил заинтересиран за оваа тема.

Синот на Пејо, кој ги презел Штрумфовите по смртта на Пејо во 1992 година, повторил дека неговиот татко нема никаков интерес за политика во 2011 година и ги критикувал сите што ја поврзувале неговата работа со политиката.

Извор: Time.com/6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот