Апликантите имаат три минути да состават девет совршени коцки од лего коцки. Има девет кандидати кои стојат во празен простор околу кружна маса на која има многу коцки.
Оние кои ќе успеат, влегуваат во вториот круг. Останатите завршуваат на улица. Ова не е некоја приказна за разговор за работа во „Google“ туку сцена од новата серија „3%“, во продукција на „Netflix“.
Приказната е сместена во дистописки свет во кој постои неверојатна разлика во приходите и во кој владеа техно-фашисти. 3% од населението живее во неверојатно богатство на островот „The Offshore“. Останатите живеат во сиромаштија на уништениот континент.
Секоја година 20 годишните млади луѓе од копното одат на островот за да се обидат да го решат тестот „Процес“ кој всушност е метод со кој богатите ги полнат своите редови. Процесот се состои од емоционални, психолошки и физички тестови. Проаѓаат само 3%.