Работник во супермаркет може да се пензионира на 35-годишна возраст откако среќната инвестиција од 8.000 долари му донела повеќе од 1,3 милион долари.
Роб објаснува дека станал милионер за само шест месеци откако направил ризичен облог од 8.000 долари на криптовалутата шиба ину.
Како што вели, тој почнал да тргува со криптовалути во обид да изгради подобра иднина за својот син. Почнал да се интересира за шиба ину откако беше лансирана во август 2020 година.
- Откако прочитав за валутата, се навлеков - вели тој.
Со оглед на тоа што вредноста на валутата постојано растела во мај оваа година, Роб гледал како неговата инвестиција расте. Вели дека ја проверувал својата сметка секој час за да се увери дека добивката сè уште е таму.
Цената на криптовалутата шиба ину од нејзиното лансирање минатата година
Фото: CoinDesk
- Доаѓам од прилично сиромашно семејство. Не можев ни да сонувам дека ќе имам толку пари - вели тој.
Сето ова се случи откако друг трговец стана милионер инвестирајќи во шиба ину.
И покрај случаите на среќни поединци, криптовалутите се исклучително нестабилни и може да бидат неверојатно ризични за инвестирање. За разлика од другите видови инвестиции, инвестициите во криптовалутите не се регулирани, така што немате заштита доколку работите тргнат наопаку.
Една од главните грижи во врска со криптовалутите е тоа што не постои гаранција дека ќе можете да ги претворите вашите средства во готовина тогаш кога ќе ви треба.
Фото: Freepik