X
 14.02.2024 Живот

Камионџија дал отказ од работа по неколку минути откако и тој и неговата сопруга добиле на лотарија

Возач на камион во Велика Британија ја напуштил работата по неколку минути откако дознал дека и тој и неговата сопруга имале добитни ливчиња на лотарија.

68-годишниот Тони Хедли и неговата сопруга Кристин имале добитни ливчиња во вредност од 210.000 долари на лотаријата „Пиплс поусткоуд“.

Хедли, кој е од Њукасл, Англија, вели дека бил во камионот кога добил повик дека победил. Тој вели дека по неколку минути од добивањето на веста, му се јавил на својот работодавец и му рекол: „Не доаѓам утре, ова ми е последната смена“.

- Се вратив во базата, ја оставив приколката, а мојот менаџер ми честита и ми посака сѐ најдобро. Работам цел живот и мислам дека е време да паузирам - вели тој.

Парот планира да ја искористи добивката за да ги реновира бањата и градината и да ужива во одморот во Шкотска. Тие велат дека сакаат парите да ги искористат за да им помогнат на членовите на потесното семејство.

- Убаво е да се знае дека сега можеме да се опуштиме и да го живееме животот - изјави Кристин, сопругата на Тони.

Извор: Business Insider
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот