X
 16.04.2016 Технологија

Дали најголемата инвестиција на "Google" е пред распаѓање?

„Nest“ најголемата инвестиција на „Google“ во иднината на интернетот е на работ на распаѓање. Медиумските извештаи најавуваат прилично лоши финансиски, кадровски и стратешки проблеми за компанијата која аналитичарите пред неколку месеци ја нарекоја најперспективната во Силиконската долина.

 

google


Компанијата која ја основа Тони Фејдл, некогашниот клучен човек на тимот на „iPod“ на „Apple“, произведува паметни термостати и други домашни уреди. „Nest“ имала план да произведе линија на меѓусебно мрежни апарати за домаќинство едноставни за користење, поврзани на интернет за полесна комуникација и управување.

Веб страната „The Information“ пред неколку недели објави извештај во кој се вели дека „Nest“ е во целосен хаос, одека во проектирањето и производството на нови производи дошло до сериозен застој. Повеќето вината ја префрлуваат на Фејдл и неговиот темпераментен стил на управување. Со оглед на неговото искуство во „Apple“ и фокусот на „Nest“ за квалитетен хардвер, новинарите и аналитичарите компанијата ја прогласија еднаква на „Apple“.

Првиот производ термостат кој учи добил одлични критики во 2011 година кога се појавил во продавниците. Потоа во 2013 година на серијата производи бил додаден и детектор на чад. „Google“ бил толку импресиониран со оваа компанија што во 2014 година платил 3.2 милијарди долари за да си обезбеди почетна положба во пазарот на мрежни домаќински помагала. Во меѓувреме, „Nest“ заврши во сериозни проблеми. Истата 2014 година ја купил „Dropcam“, а следната година ја преименувал нивната најпозната безбедносна камера во „Nest Cam“. „Nest“ не создал ниту еден хардверски производ, а во 2015 година реализирал 340 милиони долари приход. Тоа е далеку под предвидувањата на Вол Стрит кои се движеле помеѓу 400 и 672 милиони долари.

„За голем дел од вработените на „Dropcom“ не беше толку добро колку што се надевавме“, изјави Фејдел во едно интервју, наведувајќи дека интеграцијата со „Dropcom“ е еден од клучните проблеми на „Nest“.

Неговите коментари го налутија Грег Дафи, ко-основач на „Dropcam“ кој во 2015 година ја напуштил компанијата. Тој вели дека половина од неговиот тим ја напуштија компанијата бидејќи чувствувале дека нивната можност за создавање на одлични производи била целосно уништена.

„Сите ние и претходно работевме во големи компании каде работите не се движат брзо. Но ова е нешто сосема друго, што докажува и континуираниот недостаток на новитети од тимот кој моментално се состои од 1.200 луѓе со неограничен буџет“, вели Дафи.

Критичарите на Фејдел велат дека тој е особено насочен кон микроменаџирање - на секој вработен му одредува што треба точно да работи како и тоа дека често го менува мислењето. Поради тоа вработените се чувствуваат како да се заглавени во бесконечен циклус на промени.

Со оглед на тоа што „Nest“ ја симболизира целата индустрија на паметни уреди за домаќинството, аналитичарите, после овие информации, се загрижени дека целиот пазар е всушност драстично преценет. „Термостатите сепак не се мобилни телефони. Големо е прашањето кога ќе влезат во секојдневна употреба кај повеќето семејства“, велат аналитичарите.

 

1


Минатата недела „Nest“ предизвика бес кај многу корисници откако најави дека нема повеќе да ги произведува „Revolv“, паметни уреди за домаќинство кои го контролираат осветлувањето и безбедносните аларми. Во вторникот компанијата одговори на жалбите на купувачите со порака на „Twitter“ во која ги повикува сопствениците на уредите да ја исконтактираат компанијата за да пронајдат најдобро решение за секој случај, вклучувајќи и враќање на парите.

9 месеци откако „Google“ го купи „Nest“, оваа компанија го купи „Revolv“, произведувач на паметни уреди за домаќинство кој ја контролира светлината, безбедносните аларми и слично. Но вистинската причина за купување беа талентираните вработени, а не моменталните производи. Компанијата веднаш запре со продажба на производите, а инженерите беа префрлени во програмата на „Nest“. Голем дел од корисниците велат дека воопшто не биле известени за укинување на поддршката на уредите. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија