Во чест на 100-годишниот јубилеј, „Пивара Скопје“, заедно со своите вработени, ја одбележа реализацијата на новите инвестиции во најсовремена опрема и технологија кои овозможуваат натамошна модернизација на компанијата и го поддржуваат нејзиниот долгорочен одржлив развој.
Најновите инвестиции во модернизација на компанијата, вредни 10,7 милиони евра, се во напредна опрема и технологии кои се инсталирани во различни операции и процеси, вклучувајќи и нова линија за производство на безалкохолни пијалаци. На овој начин, „Пивара Скопје“ ги подобрува услугите кон купувачите и ги зголемува производствените капацитети, следејќи ја големата побарувачка за безалкохолни пијалаци и пиво на домашниот, но и на другите пазари во регионот.
- Покрај тоа што ги зајакнуваат нашите производни капацитети, овие проекти ни помагаат за натамошно унапредување на вештините и способностите на нашите луѓе во производството, ја зголемуваат нашата брзина и флексибилност за следење на трендовите на пазарот и ни овозможуваат брзо и ефикасно да ги задоволиме потребите на нашите купувачи и потрошувачи. Истовремено, тие ја зголемуваат атрактивноста на нашата компанија за талентирани млади луѓе и ја прават посакувано место за работа и кариерен развој. Со нивната реализација ја продолжуваме традицијата на иновации и инвестиции, кои се заштитен знак на „Пивара Скопје“ веќе 100 години и влегуваме во нова, модерна ера на дигитализација и напредни технологии кои ја олеснуваат нашата секојдневна работа и ја зголемуваат нашата севкупна ефикасност и продуктивност - изјави генералниот директор на „Пивара Скопје“, Горан Сладиќ.
Новите инвестиции во производството се според највисоките стандарди за квалитет и безбедност на храната, како и за здравје и безбедност при работа, што е многу важно за потрошувачите и вработените во „Пивара Скопје“. Во исто време, тие се во согласност со долгорочната стратегија на компанијата за одржливост што придонесува за намалување на емисиите на CO2, енергетска ефикасност, управување со водата и намалување на тежината и рециклирање на материјалите за пакување.
- Ние во „Пивара Скопје“ сме особено горди што со секоја нова инвестиција, како што е оваа, се трудиме да дадеме уште поголем придонес кон одржливоста и заштитата на природните ресурси, со што ја покажуваме нашата грижа и одговорност за развојот и просперитетот на земјата и на целата заедница - потенцираше Сладиќ.
Освен во модернизацијата на производниот процес, веќе се направени значителни подобрувања во дигитализацијата и автоматизацијата на другите клучни операции во компанијата. Ова вклучува иновативна технологија за управување со визуелни и гласовни команди воведена во складирањето на производите, како и технологија за препознавање слики што го поддржува нашиот комерцијален тим на пазарот. За иновативното решение, пак, кое овозможува онлајн комуникација, нарачки на производи од страна на купувачите и следење на нивната реализација во реално време - 24/7, „Пивара Скопје“ неодамна доби признание за најдобро имплементиран проект за е-трговија во рамките на целата Coca-Cola HBC Групација. Дополнително, започнато е воведувањето и на најновата генерација роботизирани технологии со кои ќе се автоматизираат сите повторливи работни операции во компанијата, со што се олеснува работата на вработените, а истовремено се зголемува и вкупна ефикасност и продуктивност.
(Комерцијална објава)