X
 01.05.2023 Наука

Предвременото пензионирање може да предизвика когнитивно опаѓање, покажува истражување

Една од многуте предности на стареењето е можноста за пензионирање. Релаксацијата по години напорна работа звучи добро.

Но, кога треба една личност да се пензионира? Типичната возраст низ светот се движи од раните до доцните 60-ти, а со очекуваниот животен век кој се движи нагоре до средината на 80-тите години, има смисла да уживаме во пензијата.

Сепак, едно ново истражување посочува дека предвременото пензионирање би можело да има негативно влијание, особено врз когнитивното функционирање.

Истражувачите Пламен Николов и Шахдат Хосаина ги фокусирале нивните истражувања на новата пензиска програма во Кина чија цел била да ги ублажи грижите за сиромаштија кај старите лица и да се справи со зголемениот животен век. Програмата започна во 2009 година и ги охрабруваше луѓето да се пензионираат по наполнети 60 години, нудејќи стабилен приход. Сега, со податоците собрани во текот на една деценија, истражувачите можат да ги проучат ефектите од оваа програма.

- Економистите главно се фокусираа на акумулацијата на човечкиот капитал, а не на причините и последиците од амортизацијата на човечкиот капитал во доцната зрелост - велат истражувачите.

Николов и Хосаина посочуваат дека постарите лица носат клучни и комплицирани финансиски, здравствени и долгорочни одлуки, а тие одлуки имаат огромно економско влијание.

penzija
Фото: Freepik

Истражувачите споредиле група луѓе кои ја користеле програмата за предвремено пензионирање, со група луѓе кои продолжиле да работат и по 60-тата година и го процениле когнитивното функционирање врз основа на два фактори: епизодната меморија и менталната недопреност. Ова било направено преку низа задачи, така што истражувачите откриле дека оние што предвреме се пензионирале имале влошени когнитивни перформанси во споредба со оние што продолжиле да работат. Главен фактор била социјалната изолација. Предвремено пензионираните пријавиле пониски нивоа на социјален ангажман од оние што биле вработени.

Чудно било тоа што истражувачите откриле дека иако когнитивните вештини се намалуваат кај пензионерите, нивното општо здравје забележало подобрување. Предвреме пензионираните ги напуштиле деструктивните навики како пушењето и пиењето алкохол, па дури и изјавиле дека подобро спиеле.

Резултатите доаѓаат во време кога многу земји почнуваат да ја поместуваат старосната граница за пензионирање. Во Кина има информации дека оваа промена ќе биде постепена, а ова се должи на зголемувањето на животниот век. Во средината на јануари оваа година во Франција милиони луѓе протестираа против пензиската реформа на претседателот Емануел Макрон, која наложи поместување на возраста за пензионирање од 62 на 64 години. Претседателот тврдеше дека оваа промена е неопходна за да се одржи пензискиот план.

Сепак, наодите на Николов и Хосаина не треба да се цврсто тврдење дека предвременото пензионирање не е правилно. Тие тврдат дека постојат подобри начини да се грижиме за нашата постара популација. Тие веруваат дека тоа се решенија во кои пензионерите можат да живеат среќно во пензија без да страдаат од социјална изолација и без да трпат загуби кога станува збор за когнитивното здравје.

- Креаторите на политиките можат да воведат политики насочени кон спречување на намалувањето на социјалниот ангажман и менталните активности - вели Николов.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука