X
 11.11.2022 Технологија

Српски физичар го пушти во употреба првиот квантен компјутер „на неутрални атоми“

Српскиот атомски физичар, професор д-р Владан Вулетиќ, со својот тим од Универзитетот за технологија во Масачусетс, Бостон, го пушти во употреба првиот квантен компјутер кој користи неутрални атоми.

Преминот кон квантните компјутери би можел да претставува пресвртница за унапредување на многу полиња бидејќи овие компјутери можат да обработуваат информации во секунди, а на обичните компјутери би им биле потребни илјадници години.

Развојот на лекови и симулацијата на нивното влијание врз телото без тестирање врз луѓето е само една од областите каде што квантниот компјутер би имал примена поради уникатните иновации на професорот Вулетиќ.

- Она што го прави овој компјутер посебен и моќен е тоа што пред секоја пресметка може да се конфигурира распоредот на атомите во две димензии. Тоа е како да можете да го доведете микропроцесорот на вашиот класичен компјутер до најоптималната состојба пред секоја пресметка - вели професор д-р Владан Вулетиќ.

Компјутерот е во Бостон и е достапен за изнајмување преку платформата на „Амазон“, трипати неделно. Истражувачите и научниците ќе имаат предност, а професорот Вулетиќ и неговиот тим продолжуваат да ги подобруваат неговите карактеристики.

- Потенцијално, таков квантен компјутер би бил многу моќен и би можел да помогне во дизајнирањето на нови лекови, поефикасно тестирање на нови лекови, предвидување на временските и климатските промени, а исто така би помогнал во намалување на трошоците во логистиката и транспортот - објаснува професорот.

Извор: RTS
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија