Ново истражување за паметни главоноги покажува колку е важно ние, луѓето, да не ја потценуваме интелигенцијата на животните.
Сипа успеала да положи верзија на тест со мачмалоу од Универзитетот „Стенфорд“, а резултатите покажуваат дека во нивните чудни мали мозоци се случува повеќе отколку што мислевме.
Нивната способност да учат и да се приспособат еволуирала за да им даде предност во морскиот свет.
Тестот или експериментот со мачмалоу е прилично едноставен. Едно дете е сместено во просторија во која има мачмало. На детето му е кажано дека ако успее да не го изеде мачмалоуто во период од 15 минути, ќе добие уште едно и ќе може да ги изеде двете.
Оваа способност да го одложи задоволството ги покажува когнитивните способности, како што е идното планирање, а првично било спроведено за да се проучи како се развива човековото спознание; конкретно, на која возраст човекот е доволно паметен за да го одложи задоволството ако тоа подоцна значи подобар исход.
Бидејќи е многу едноставен, тестот може да се приспособи на животните. Очигледно не можете да му кажете на животното дека ќе добие подобра награда ако чека, но можете да го обучите да сфати дека доаѓа подобра храна доколку не ја изеде веднаш храната што е пред него.
Научниците докажале дека сипата може да се воздржи од јадење оброк наутро, откако дознала дека ќе јаде повеќе месо од ракчиња за вечера.
За таа цел, научниците смислиле уште еден тест, за шест сипи. Сипите биле сместени во посебен контејнер со две затворени комори кои имале транспарентни врати за животните да можат да видат. Во близина имало ракчиња и шкампи.
На вратата имало и симболи кои сипите веднаш научиле да ги препознаваат. Кругот значел дека вратата веднаш ќе се отвори, а триаголникот значел дека вратата ќе се отвори по временски интервал од 10 до 130 секунди. А квадратот, користен само во контролна состојба, значел дека вратата останува затворена на неодредено време.
Истражувачите откриле дека сите сипи тест-групата одлучиле да ја чекаат својата омилена храна (живи ракчиња), но не се потрудиле да го направат тоа во контролната група, каде што немале пристап до омилената храна.
- Во сегашното истражување сипата можеше да чека подобра награда и да толерира одложување од 50-130 секунди, што е споредливо со она што го гледаме кај 'рбетниците со голем мозок, како шимпанзата, гавраните и папагалите - велат истражувачите.
Извор:
Svijetkulture.com
Фото:
Wikipedia