Источниот или ориенталниот стршен е идентификуван како единственото животно кое не може да се опијани од алкохол.
Стршните природно консумираат етанол како дел од исхраната, која вклучува нектар и овошје. Иако веќе знаеме дека ги привлекува алкохолот создаден од човекот, нивната врска со природните опијати е непозната.
Истражувачи од Универзитетот во Тел Авив во Израел ги користеле овие стршни како модели за да го тестираат влијанието на етанолот врз стршните. Откако ги нахраниле инсектите со сахарозен раствор со концентрации на етанол кои достигнувале висина и од 80 проценти, истражувачите не забележале никакви негативни влијанија врз должината на животот или однесувањето на стршните, вклучително и врз нивната способност да градат гнезда.
Обележувањето на алкохолот со јаглероден изотоп му овозможило на тимот да ги мапира промените на соединението како што тоа се преработувало во телата на стршните.
- Како што алкохолот се метаболизира, тој се разложува во јаглерод диоксид, кој се издишува. Преку мерење на количината на обележан емитиран јаглероден диоксид, можевме да ја процениме брзината со која се разложил алкохолот - вели зоологот Софија Бучебти.
Метаболизмот на стршните се справил со алкохолот двојно побрзо, разложувајќи го пред да може да предизвика тие да покажат некакви знаци на „пијанство“.
Авторите се надеваат дека нивниот труд може да го подобри разбирањето на нашите навики за пиење, но и на начините со кои можеме да превенираме смртни случаи поврзани со консумација на алкохол, што моментално е 5,3 отсто на светско ниво.
Трудот е објавен во
PNAS.
Извор:
Science Alert
Фото: Freepik