X
 02.07.2016 Здравје

"Drunkorexia"- феномен кај студентите поврзан со пиењето алкохол

алкохол

 

„Drunkorexia“ е колоквијалниот термин за прескокнување оброци или вежбање напорно пред консумирање на алкохол. Овој тренд не е нов за студентите, а терминот веќе се користи неколку години.


Ново истражување, презентирано оваа недела за време на Истражувачкото друштво на годишниот состанок за алкохолизам, укажува дека ваквиот вид однесување е многу почест отколку што претходно се мислело и ги опфаќа и студентите и студентките. 8 од 10 студенти кои учествувале во истражувањето изјавиле дека кај нив е често однесувањето поврзано со „drunkorexia“.

„Студентите се вклучени во овие однесувања за да ги зголемат ефектите на алкохолот или да ги намалат калориите од алкохолот во булимичен тип на исхрана/вежбање и други нарушувања во исхраната“, вели Дипали Ринкер, асистент професор по психологија на Универзитетот во Хјустон и автор на истражувањето. „Нашите информации ја испитува поврзаноста помеѓу овие различни видови на однесување и други показатели на проблеми со пиењето кај студентите, како што се родовите разлики“.

Истражувањето на Ринкер беше направено врз основа на анкета во која беа вклучени одговорите на 1.184 студенти, од кои повеќето од Универзитетот во Хјустон, кои пиеле најмалку еднаш во изминативе 30 дена. Повеќе од 80% од студентите изјавиле дека биле вклучени во најмалку едно однесување поврзано со пиењето во изминативе 3 месеци, а Ринкер мисли дека однесувањето е поврзано со „drunkorexia“.

Однесувањето вклучувало повраќање, консумирање на лаксативи или диуеретици или избегнување на јадење пред пиење.

„Долгорочно, не е добра идеја да ги прескокнете хранливи оброци за да консумирате повеќе калории од алкохолот“, вели Арон Вајт, програмски директор за превенција на пиење кај средношколци и студенти.

„Доколку јадете тогаш се намалува највисокото ниво на алкохол во крвта за околу третина, па ако избегнете храна, тогаш се зголемува ризикот да изгубите свест, да се повредите и да донесете лоши одлуки“, додава тој.

„Не зборуваме за некој кој е загрижен за внесување на чаша вино која има 150 калории. Зборуваме за некој кој е загрижен за 1.000 калории од прекумерно пиење, а таа личност не смее да прескокнува оброци“.

Ринкер открил дека студентите кои живееле во братство или сестринство имале најголема веројатност да развијат вакво однесување. Девојките кои се поврзани со булимијата имале поголема веројатност да се впуштат во ваков вид на однесување отколку мажите, меѓутоа и двата полови имале подеднаква веројатност да прескокнат оброци, а потоа да пијат.

Истражувањето имало за цел да ја прошири дефиницијата на „drunkorexia“, вели Ринкер, со што би можело да се објасни зошто претходните истражувања сугерирале дека помалку студенти се зафатени со вакво однесување. Другите истражувања исто така покажале дека постои поостра поделба помеѓу родовите.

Истражување од 2009 година откри дека 50% од студентките си ограничувале јадење пред пиењето алкохол, што е за 1.5 пати поголема бројка од мажите кои пријавиле вакво однесување. Истражувањето исто така укажува на тоа дека мажите и жените често имале различни мотивации за вакво однесување.

Истражување од 2012 година открива дека покрај „drunkorexia“ девојките исто така развиле и булимија.

Во 2011 година, истражувачите од Универзитетот во Мисури во Колумбија откриле дека 16% од студентите изјавиле дека намалиле внесување на калориите затоа што ги „чувале“ за пиење.

Истражување од Националниот институт за злоупотреба на алкохол и алкохолизам открива дека 20% од новите бруцоши изјавиле дека се впуштиле во ваков вид однесување во изминативе 2 недели.

„Свесни сме дека ова се случува, меѓутоа постојат толку многу работи кои се'уште не ги знаеме. На пример, како да се спречи ваквото однесување? Постојат многу работи кои треба да се разоткријат“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје