Мохамед Хајдар Замар ги регрутира киднаперите што ги извршија нападите на 11 септември 2001 година, при што загинаа над 2.900 луѓе и ја турнаа Америка во бескрајни конфликти.
Во неговото прво интервју со американската новинска организација во 2001 година, спроведено во присуство на курдиските чувари кои го држеле во затвор на периферијата на сирискиот град Камишли, Замар го раскажал неговото извонредно патување од најраните денови во камповите на „Ал Каеда“ во Авганистан до бојните полиња на „Исламска држава“ во Сирија, преку претрес за кој се сомневало дека е нареден од ЦИА.
Неговата приказна го покажува степенот до кој постојано растечката терористичка закана што продолжува да ја зафаќа Америка во голема мера е поддржана од јадрото на сега стареечките исламистички милитанти.
Сега, на 57-годишна возраст, Замар, кој има двојно - и сириско и германско државјанство - е само сенка на човекот кој некогаш им предавал на младите муслимани во џамијата Ал-Кудс во Хамбург за нивната должност да водат џихад. Истражувачите на нападите од 9/11 се сеќаваат дека тој бил доста зборлест - можеби премногу за да му се верува во деталите за заговорот.
Фото: Alice Martins/The Washington Post
Семејството на Замар се преселило во Германија кога тој имал 10 години. Тој прво се обидел да учествува во вооружениот конфликт во 1982 година. Патувал за Јордан во обид да влезе во Сирија за да се приклучи на вооруженото крило на Муслиманското братство, кое требало да биде дел од претходното востание против владејачкото семејство на Асад. Бил вратен од јорданските власти, но на патувањето се запознал со човек кој играл голема улога во неговата иднина: Мохамед ал Бајаија, познат како Абу Калед ал Сури, кој подоцна ќе стане клучна фигура во сегашната Сириска војна.
На покана на Бахаија, тој првпат го посетил Авганистан во 1991 година за да добие воена обука во еден од милитантните кампови што ги водел Бахаија. Во текот на наредната деценија Замар често се селел, патувајќи во Авганистан и волонтирајќи за време на воените дејствија со милитантите поврзани со „Ал Каеда“ во војната во Босна. Додека го посетувал Лондон, тој се спријателил со јорданско-палестинскиот проповедник Абу Кадада, истакната личност осомничена од Америка за поврзаност со „Ал Каеда“.
Во меѓувреме, Замар го развивал кругот на следбеници во џамијата Ал Кудс во Хамбур, која станала магнет за младите муслимани во градот. Замар вели дека не успеал да се квалификува како имам или проповедник во џамијата бидејќи не можел да го запомни Куранот, но одржувал редовни собири со мали групи луѓе кои оделе таму да се молат, убедувајќи ги дека имаат обврска за џихад во име на муслиманите во светот.
Првиот член од групата во Хамбург со кој се сретнал Замар бил Рамзи Биналшиб, државјанин на Јемен, кој сега се наоѓа во затворот „Гвантанамо“ поради вмешаност во 9/11. Потоа се запознал со Мохамед Ата, водачот на киднаперите, кој го пилотирал првиот од двата авиона што ги погодија кулите. Замар се сеќава на Ата како на добар човек со високи морални стандарди. Потоа ги запознал и другите: Марван ал Шехи, државјанин на ОАЕ, кој управувал со авионот што ја погодил втората кула, Зиад Самир Џарах, Либанец кој го урнал авионот во поле во Пенсилванија, откако патниците ги совладале киднаперите; и четири други од групата што Замар ја убедил да отпатува за Авганистан.
Осомничените киднапери на авионите
Фото: Alice Martins/The Washington Post
- Не беше лесно. Беше потребно време. Тие студираа на универзитет. Им кажував дека некој ќе ги нападне, ќе ја нападне нивната чест, имот, тие нема да имаат пиштол. Не постои земја во светот која нема армија со која би се бранела. Ние муслиманите немаме армија.
Патувањата и контактите на Замар поттикнале сомнежи кај германските власти, па ја предупредиле ЦИА и започнале да ги следат неговите движења и телефонски повици.
Но, тој продолжувал да патува. Кон крајот на 1999 година уште еднаш отишол во Авганистан и се сретнал со другите членови. Со нив го дале предлогот за соборување на авиони во американски згради, велат истражувачите.
Замар вели дека времето на неговата посета било толку блиско со нивното бидејќи станува збор за случајност. Тој пристигнал набрзо откако тие пристигнале, но немал контакт со нив и не знаел каде или како го поминале нивното време.
На патувањето се сретнал само со лидерот на „Ал Каеда“, Осама бин Ладен, на кого се сеќава со почит. Тврди дека немал понатамошен контакт со Бин Ладен, Ата или другите членови и вели дека бил изненаден како и сите кога се случиле нападите. Тој продолжува да негира какво било претходно знаење за заговорот 9/11.
- Бог знае и со сета искреност, не знаев ништо за нападот 9/11. Ништо не ми кажаа - вели тој.
Германската истрага открила дека припадниците на групата од Хамбург се сомневале во Замар, делумно затоа што премногу зборувал.
- Откривме дека неговиот пасош е полн со сириски марки. Членовите на групата од Хамбург не му веруваа. Имаше шпекулации дека можел да работи за Сиријците - вели Гвидо Стајнберг, кој ја истражувал вмешаноста на Замар во нападите во име на германската влада.
Американските инспектори никогаш не донеле цврст заклучок за потенцијалната вмешаност на Замар, но се сомневаат дека се покажал премногу зборлест за да му се верува и да му се каже за 9/11 планот.
И Замар вели дека тој не бил кандидат за ваков софистициран заговор.
Нападите од 9/11 го ставија Замар накратко во центарот на вниманието. Германската полиција го испитуваше, а новинарите бараа интервју со него. Три месеци по нападите беше заборавен. Додека бил во посета на Мароко, бил уапсен од страна на мароканската полиција и депортиран во Сирија. Се смета дека ЦИА имала улога во неговото запленување и трансфер, но Замар вели дека не се сеќава на средба со Американците.
Во наредните 12 години тој бил задржан во озлогласениот затвор „Седнаја“ во Сирија, каде што бил измачуван и чуван во самица неколку месеци. Во 2008 година бил осуден на 12 години затвор, не за неговата поврзаност со „Ал Каеда“, туку за членство во забранетото Муслиманско братство, што датира од обидот да се приклучи на вооружениот бунт во 1982 година.
Во 2013 година тој бил ослободен заедно со уште шест други исламисти во замена за сириски воени офицери. Откако бил ослободен, Замар одлучил да се приклучи на новоформираната „Исламска држава“. Во затворот тој се запознал со неколку водачи на групата кои биле ослободени од владата на Асад во претходни размени на затвореници.
Бидејќи „Исламска држава“ постојана била бркана од огромните области што некогаш ги контролирала во Сирија и Ирак, Замар се преселил со борците при нивното повлекување. Тој се запознал и се оженил со две жени.
Фото: Alice Martins/The Washington Post
- Многу бев болен. Немав автомобил. Мојата сопруга беше бремена, па што можев друго да направам? Немав друга опција - вели тој.
Сега тој лежи во друга затворска ќелија, заедно со околу 30 други затвореници од „Исламска држава“ кои ги држат Курдите. Замар вели дека би сакал да се врати во Германија, да се обедини со неговата прва сопруга, за која вели дека не ја видел од 2001 година.
Но, германската влада не покажала интерес да го врати, ни кој било друг Германец што тргнал да се бори за „Исламската држава“ и сега се наоѓа под надзор на Курдите.
Откако завршило интервјуто,
Замар и понатаму зборувал, бунтувајќи се против неправдите во светот и велејќи дека има порака за претседателот Трамп, лидерите на Европа и сите други со поголема улога.
- Мора да се плашите од Бога. Мора да се плашите од вашиот творец. Се колнам дека ним ќе им биде судено од Бога - рече тој.