Истражувачи откриле претходно непознат вид на човек во Израел. Овој вид живеел заедно со нашиот пред повеќе од 100.000 години, пренесува Би-би-си. Остатоците пронајдени во близина на градот Рамла се едни од последните луѓе од овој вид што живееле на Земјата.
Остатоците се од череп и вилица на човек што живеел пред 120.000-140.000 години. Научниците сметаат дека човекот е потомок на претходен вид кој можеби се ширел од тој регион стотици илјадници години и потоа еволуирал во неандарталецот во Европа и другите видови во Азија.
Ова откритие ја менува сликата за еволуцијата на неандарталецот, која досега се поврзувала со Европа. Научниците претпоставуваат дека новооткриениот вид живеел во Блискиот Исток пред околу 400.000 години и бил сличен на други видови што живееле во Европа пред неандарталецот.
Затоа, научниците претпоставуваат дека овој вид можеби е претходник на неандарталецот.
Извор:
BBC
Фото: Screenshot/Youtube