X
 11.12.2018 Технологија

Најтренди видеа за 2018 година

Од „Јутјуб“ стаса листата со најтренди видеа за оваа година. Меѓу првите три се најдоа: порака до ќерка, неверојатно прецизни погодувања и едно раскинување.

Погледнете кои снимки „растурија“ на „Јутјуб“.

На првото место на листата со најтренди видеа за оваа година е мини-документарецот на Кајли Џенер за раѓањето на нејзината ќерка Сторми. Од 4 февруари, кога е објавена снимката, досега е прегледана повеќе од 78 милиони пати.


Второто место му припадна на мајсторот за трикови Дјуд Перфект за снимката со наслов „Real Life Trick Shots 2“.


На високото трето место се најде снимката за раскинување на долгогодишната врска меѓу Коши и Добрик, кои ги нарекуваат и „Бранџелина на јутјуб-генерацијата“ бидејќи нивните канали на видеосервисот во текот на изминатите две години заедно имаат 2,5 милијарди прегледи. Видеото е објавено на каналот на Добрик во јуни и имаше 14 милиони прегледи во првите 24 часа.


Меѓу првите десет се најде и снимка од едно момче што јодла во маркет, објаснување зошто се слуша Јани или Лорел во снимката која стана хит итн.

Сепак, на листата не се најдоа некои снимки што беа популарни годинава, на пример, снимките од танцувањата од играта „Фортнајт“ кои почнаа да се појавуваат откако фудбалерите во текот на Светското првенство имитираа некои од препознатливите потези од играта.

Исто така, место меѓу најпопуларните снимки не доби ниедна од многубројните снимки со играње на песната „In My Feelings“ на Дрејк.

Гледаноста не е единствено мерило врз основа на кое некое видео може да се најде на оваа листа. И други мерила, како лајковите, коментарите и колку пати видеото е пребарано, исто така се земаат предвид. Првите десет најтренди снимки за 2018 година собраа повеќе од 673 милиони прегледи и се гледани околу 50 милиони часа.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија